Мијалков ги негира тврдењата на Зекири и најавува тужби до медиумите

Екс директорот на УБК и прв братучед на Груевски, Сашо Мијалков, ги демантира обвинувањата од пратеникот Мухамед Зекири дека синоќа во локал бил нападнат од неговото обезбедување.

– Изјавата што ја дал Мухамед Зекири е целосна лага и клевета. Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби – истакна Мијалков преку писмено соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e