Маскирано лице со пиштол ограбило казино во Скопје

На 18.01.2018 година во 02.05 часот во Единицата за информации и команда Скопје, вработена во казино на ул. „11-ти Октомври“ во Скопје пријавила дека околу 02.00 часот непознато маскирано лице извршило разбојништво над неа.

Сторителот со закана со пиштол ги одзел парите од дневниот промет и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e