Македонија меѓу најтажните земји на светот

Според резултатите од истражувањето спроведено од страна на ХПИ (Хепиест Планет Индекс), Македонија спаѓа во најтажните земји во светот.

Покрај нас, како земји со најниско ниво на среќни луѓе се наоѓаат и  Бугарија, Русија, но и САД.

Земји во кои што живеат најсреќните луѓе се Костарика, Виетнам, Колумбија и Белизе.

Истражувањето било направено според податоци за животниот век, и за здравствената  и еколошка состојба во сите земји во светот, односно колку долги и здрави животи продуцирала една држава.

Мапата и среќометарот се објавени на страницата на ,,The culture trip’’ и покажуваат дека нашите соседи од Грција и Србија се за нијанса посреќни од нас, додека пак Албанија спаѓа во светло зелената зона, што значи дека луѓето таму се многу посреќни од нас.

Според мерилото на ХПИ, темно цревната боја означува земји со најтажни луѓе, додека пак со тиркизно сина се означени најсреќните народи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e