Левица ќе се трка за градоначалник во Центар, Гази Баба и Скопје

Политичката партија Левица на претстојните локални избори ќе настапи со кандидати за градоначалници во три општини и тоа Центар, Гази Баба и Скопје.

Кандидат на Левица за општина Центар е Александар Митров, во Гази Баба кандидатот Зоран Трпчевски, а во општина Скопје е кандидирана Марија Џонс.

На партијата при вчерашното доставување на кандидатските листи до ДИК, и била вратена советничката листа за општина Ѓорѓе Петров, бидејќи имала повеќе жени од дозволеното. Законот предвидува на советничките листи помалку застапениот пол да има најмалку 40 отсто. Во овој случај, помалку застапен пол бил машкиот, па Левица морала да кандидира за советник уште еден маж за да се стигне до тој процент од 40.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e