Ленче Николовска доби нова функција во владата

Ленче Николовска, во јавноста позната како новинар, но и пратеник, е именувана за Посебен советник за земјоделство шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РМ. Николовска со години се занимава со прашања од сферата на земјоделството, но и решавање на проблемите на земјоделците.

Ленче Николовска е дипломиран земјоделски инженер. Била новинар во МТВ и А1 телевизија, уредник на емисијата ФАРМЕР. Пратеник и Претседател на Собраниската комисија за земјоделство шумартсво и водостопанство. Претседател на Агросоветот на СДСМ. Последната функција која што ја извршуваше беше советник во кабинетот на Дополнителниот заменик министер во техничката влада.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e