ЛДП: Груевски да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и за уништувањето на демократијата воопшто, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП).

– Наместо да се крие зад пораки на „Фејсбук“ за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската јавност и да се извини за големата лага за „странските служби и жолтите комбиња“, за лагите и убедувањата дека прислушуваните материјали во „бомбите“ биле сечени, лепени и монтирани. Да се извини за злоупотребата на прислушните апарати, зошто јасно е како ден кој масовно прислушкувал во оваа држава и за чии потреби – се вели во соопштението на ЛДП.

Во него, исто така, се додава дека „сосема е јасно и зошто Груевски не се појавува на рочиштата за случајот „Пуч“, затоа што и самиот знае дека од сведок многу лесно може да премине во главен осомничен.“

Според оваа партија, „молчењето на Груевски за случајот „Таргет“ само ја потврдува неговата длабока инволвираност во овој криминално–политички и патолошки процес.“

„ЛДП стои на ставот дека овие судови не можат да ја истераат правдата на виделина. Особено не, по најновиот скандал во Основниот суд Скопје 1 и воопшто во правосудството во државата. СЈО не смее веќе да се потпира на овие судови, затоа укажуваме до македонската и меѓународната јавноста на нужноста од формирање на специјален судски оддел кој ќе ги процесуира обвиненијата на СЈО,“ се вели во соопштението на ЛДП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e