Кривичен совет: Претресот во домот на Грујевски е законски

Кривичниот совет во Скопска единица ја прифатил жалбата на СЈО за претресот во домот на поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, објави порталот Сведок.

Тимот на Катица Јанева ја подготви жалбата откако судијката на претходна постапка, Александра Поп Стефанија, оцени дека претресот бил незаконски бидејќи Грујевски во тој момент бил во притвор во Шуто Оризари.

Одлуката на судијката Поп Стефанија Кривичниот суд ја отфрлил и утврдил дека нема ништо спорно во претресот на неговиот дом.

СЈО претресот го спроведе за истрагата „Тврдина“ во која тој е осомничен за уништување на два система на тајната полиција, од кои преку еден било вршено нелегалното снимање телефонски разговори. СЈО обезбедило докази со претресот кои ќе ја помогнат истрагата кои ќе може да се користат во понатамошната постапка.

Во претресот во домот на Грујевски се одземени компјутери, како и тефтер во кој е забележано движење на обвинители и истражители на СЈО, како и список на луѓе кои влегувале во обвинителството, додека беше на старата локација, во центарот на Скопје.

Лани Кривичниот совет на „Одделението за организиран криминал и корупција“ ја уважи одлуката на судијата на претходна постапка за барањето за издавање на наредба за претрес за Горан Грујовски поднесено од Специјалното јавно обвинителство. Советот сметаше дека судијата на претходна постапка правилно утврдил дека не е исполнет предусловот во смисла на чл. 17 ст.1 од ЗКП. Советот соопшти дека „веројатноста со претресот да се постигнат одредени резултати, мора да претходи на основаното сомневање дека е извршено конкретно кривично дело кое произлегува од незаконското следење на комуникации, дотолку што не може да се преземе претрес за да се пронајдат основите на сомневање“, напишаа тогаш од Основниот суд Скопје 1.

Специјалното јавно обвинителство побара и изземање на судијката Александра Поп Стефанија од случајот „Тврдина“, но барањето беше одбиено од Кривичниот суд, а подоцна и од Скопска Апелација.

Извор: Сведок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e