Крај за диво поставените тезги околу Зелениот пазар во Скопје

Испекцијата на општина Центар е на терен.Во тек е  акција за отстранување диво поставените тезги околу Зелениот пазар.

” По опомената, дел од дивите препродавачи продолжија со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот. Одземена им е стоката и изречена е глоба во висина од 50 евра во денарска противвредност, според Законот за јавна чистота”-соопшти општина Центар.

Во последно време има се поголеми поплаки од стана на граѓаните дека не можат да дојдат до своите влезови,и токму на нивно барање се спроведува акцијата која ќе трае неколку денови,а е во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот пазарен инспекторат, Инспекција на Град Скопје и службени лица од МВР.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e