И кога ќе помислиш дека сме го достигнале врвот на политичка неписменот, некој ќе те потсети дека не е така

И кога ќе помислиш дека сме го достигнале врвот на политичка неписменот, се уште има такви кои ќе не потсетат дека не е така. Формирано е здружение “Стоп операција Сорос”.

„Водени од максимата ‘Не прашувај што државата направила за тебе, туку што ти си направил за државата’, го оформивме граѓанско движење „Стоп Операција Сорос’, која ќе се бори за ‘десоросоизација“ на државата“, изјавија иницијаторите на новоформираното движење.

„Повикани од демократските вредности, плурализмот, правото на слобода на говор и изразување, еднаквоста, правдољубието и љубовта кон нашата држава Република Македонија, тежнееме да бидеме првиот зрак од кој ќе произлезат вистинските вредности во граѓанското општество“, велат од Иницијативниот одбор на граѓанското движење „Стоп Операција Сорос“.

Иницијатори на движењето „Стоп Операција Сорос“, покрај историчарот Никола Србов, се уредникот на „Република“, Ненад Мирчевски и новинарот Цветин Чилиманов.

Инаку Цветин Чилиманов е еден од членовите на ГДОМ кој отворено ги брани ставовите на ВМРО – ДПМНЕ, а весникот Република застапува исклучиво провладини ставови години наназад. Симптоматично е што ова невладино здружение се појави по најавата на Никола Груевски за “десороизација” на Македонија. Друго прашање за оваа новооформена организација е од што ќе се финансира и чии интереси ќе застапува и со каква одлука (судска или некаква друга) Фондација отворено општество е прогласена за непосакувана во државата па тие да се борат против нив.

И на крај парадоксот кој се наметнува – од отворено општество во кое полека почнува да се подига граѓанската свест и се буди критичката мисла сакаат да направат затворено?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e