Ќе одговара ли некој за бегството на Грујевски и Бошковски?!

Четири часа Врховниот суд им дал предност на обвинетите Горан Грујевски и Никола Бошковски да побегнат. Врховен одлуката за притвор ја соопшти и објави околу 16 часот, а решението пристигнало во Апелацискиот суд точно во 20 часот и 5 минути. По ова, решението за притвор веднаш било заведено во овој суд по што било испратено во полиција во 20 часот и 45 минути.

Сепак, останува нејасно зошто Врховен чекал четири часа кога станува збор за итна притворска мерка. Со ова се отвара сомнеж дали обвинетите имале доволно време да се подготват за бегство и подготвени да ги пречекаат полицајците кои ги барале дома. Апелација денеска кусо објасни дека нивните решенија за притвор се прецизно изготвени и внимавано е да не се направи пропуст како во случајот на Сеад Кочан, каде не беше наведено дека жалбата го суспендира одењето во притвор, по што притворот го укина Врховниот суд.

АПЕЛАЦИОНЕН СУД:

Судот кога одлучувал ги имал во предвид одредбите од Законот за кривична постапака како и одлуката на Врховнот суд, а тоа е одлуката КЗЗ 11/2017 од 11.5.2017 година со која се укина одлукита за притворот на Сеад Кочан.“

За универзитетскиот професор Беса Арифи спорни се не само четирите часа, туку и десеттината дена во кои обвинитетите беа на слобода со одлука за притвор.

„Несфатилво е зошто им било дадено толку време и зошто одлуката за притвор на Апелациониот суд веднаш не станала извршна. Секоја одлука за притвор станува извршна во моментот на нејзино донесување. Тоа значи дека лицата веднаш требало да бидат притворени. Дури потоа да достават жалба до Врховен суд и да ги следат останатите правни патишта“, вели Арифи.

Според Арифи, одлуката за притвор е меѓу оние за чија реализација не се чака да заврши жалбената постапка. Причините поради кои Спацијалното јавно обвинителство побарало притвор, меѓу кои и опасноста од бегство, веќе и на дело се покажале како основани.

„Со тоа што извршувањето на одлуката за притвор е одложена до нејзината правосилност се додека не завршат сите жалби во сите истанци, оставена е можност да се направи токму она од кое што се стравува, а како што гледаме лицата не се достапни на органите на редот бидејќи не можат да ги најдат“, додава Арифи.

Арифи одговорноста ја гледа во судот поради формулациите со кои се користи во одлуките, за потоа да се толкуваат на погрешен начин.

Извор: Алсат-М

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e