Катастрофален пораз на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ во општина Карпош

Со 6632 гласови повеќе, коалицијата на СДСМ во општина Карпош е апсолутен победник наспроти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во чиј состав е и партијата ГРОМ на актуелниот градоначалник, Стевчо Јакимовски.

karpos

                          Резултати од предвремени парламентарни избори 2016г во општина Карпош

Ако се направи споредба со минатите предвремени парламентарни избори 2014г, каде ВМРО-ДПМНЕ освои 14 084 гласови, плус ГРОМ 4841 глас, наспроти СДСМ со 13 813 гласови, со сегашните резултати, коалицијата на СДСМ 21 592 додека ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ и останатите партии од нивната коалиција 14 960 гласови, може да се констатира дека владејачката коалиција во оваа општина претрпе катастрофален пораз.

karpos-14

                           Резултати од предвремени парламентарни избори 2014г во општина Карпош

Останува на партиите да направат внатрепартиски анализи и ги констатираат причините за ваквата драстична промена во бројот на гласовите.

Можеби една од повеќето причини е улогата која ја имаше претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски да во целата изборна кампања неосновано го напаѓа претседателот на СДСМ, Зоран Заев за наводен поткуп и сл. Граѓаните, по изборните резултати се гледа дека не наседнаа на обвинувањата на Јакимовски и напротив, гласаа против коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ.

Кога сме кај Стевчо Јакимовски, тој ниту во родното село Подржикоњ, и со помош на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го победи СДСМ.

Инаку, Јакимовски по тешкиот пораз на владината коалиција во општина Карпош од неделата наваму сеуште се нема појавено во јавноста да даде свое видување околу изборниот резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e