ЈП ПОЦ и општина Центар донираа огревни дрва на семејство кое седум месеци живее без струја

Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ денес беше во посета на семејството Трајковски во скопски Петровец кои веќе година и седум месеци живеат во мала куќичка без струја, греење и никакви услови за живот.

Со цел да му се помогне на ова семејство да ги преживее овие студени денови, ЈП ПОЦ и општина Центар донираа 3 кубика огревни дрва, храна, млеко, сокови и други потребни средства.

Ги замолуваме сите институции и граѓани кои се во можност што поскоро да му помогнат на ова трочлено семејство со мало предвреме родено бебе. – апелираат од ЈП ПОЦ.

16112949_950034211764539_6508063909411573849_o 16112944_950034241764536_3673714528993179125_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e