Истражување: Високи 62 отсто од граѓаните не и веруваат на владата

Истражувањето на “Стандард Евробарометар” што го спроведе Европската комисија во земјите членки на ЕУ и во петте земји кандидатки, Србија, Албанија, Црна Гора, Турција и Македонија, покажа дека Македонците имаат поголема доверба во Европската Унија, отколку во македонските институции, односно Собранието и Владата.

Во Македонија, 62 отсто од граѓаните, според истражувањето не и веруваат на Владата, а само 30 отсто и изразиле доверба а во Парламентот немаат доверба дури 64 отсто.

Само 23 отсто од испитаниците сметаат дека економската состојба се подобрила во последните 12 месеци.

Анализата покажала дека најголемите проблеми со кои се соочува македонскиот граѓанин се финансиската состојба во семејството, невработеноста и условите за живот.

58 отсто од Македонците имаат доверба во ЕУ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e