И ТОА СЕ СЛУЧИ: ВМРО-ДПМНЕ со тешки обвинувања до Канал 5

ВМРО ДПМНЕ истури грст навреди врз Канал 5 телевизија, за наводно наместена и таргетирана анкета, и за лажно претставувае на пратеникот Ферид Мухиќ како независен експерт.

„Вечерва видовме како Канал 5 се обиде на Денот на независноста пратеникот на СДСМ да и го продаде на јавноста како независен експерт.

Ферид Мухиќ не е, и веќе никогаш нема да биде независен експерт или човек кој може да даде релевантно и непристрасно мислење за политички прашања.

Не само што тој стана пратеник на СДС, туку и активно учествуваше во незаконското, противделовничко и неуставно, мафијашко и дивјачко бирање на претседател на Собрание на Република Македонија. Неговите раце еднаш засекогаш се извалкани со грубо кршење на демократијата и слободата на македонските граѓани.

Не навлегувајќи во неговите стручни квалитети, Ферид Мухиќ ќе остане запишан во историјата и меморијата на граѓаните како политички демагог, инструмент во туѓи раце, човек без интегритет и рушител на демократскиот поредок на Република Македонија.

Тој во настапи на Канал 5 се обиде да ја релативизира предавничката и криминална улога на раководството на СДСМ. Исто како што и Канал 5 преку таргетирана анкета на граѓани со која однапред имале план да изнајдат соодветни лица кои мислат согласно нивниот планиран прилог и стратегија, да покажат дека граѓаните се еднакво незадоволни од сите политичари, се обиде да ја релативизира негативната и злосторничка улога на раководството на СДСМ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e