Хојт Ји демантира дека ќе биде нов амбасадор на САД во Македонија

Еден од главните интереси на САД во Западен Балкан е да им се помогне на земјите од регионот да се интегрираат со останатиот дел од Европа и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина, изјави американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји.

– Наш интерес е земјите од регионот да имаат што подобра пазарна економија, која ќе им пружи шанса на сите граѓани, а посебно на малдите – изјави Ји во интервју за телевизијата Н1 Сараево.

Тој ги отфрли пишувањата на одделни медиуми дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија, додавајќи дека е „задоволен со работата што сега ја извршува“.

Осврнувајќи се на најавите за нова стратегија на САД за Балканот, Ји нагласи за американската политика не решаваат одделни дипломати, туку Вашингтон.

– Во случајот на регионот американската влада цврсто ги поддржува аспирациите за членство во ЕУ – додаде Ји.

Во врска со желбата на Србија за членство во ЕУ, но не и во НАТО, Ји нагласи дека суверено право на секоја земја е да донесе стратешка одлука каде сака да се придружи.

– Земјите кои сакаат да станат членки на Европската унија, НАТО или која било друга меѓународна организација, ќе мора да ги убедат лидерите или членките на тие организации дека се навистина посветени на таа цел – додаде Ји во интервјуто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e