Груевски не ја разбрал програмата на СДСМ

Груевски практично прв му ја честита владата на Зоран Заев.
Со понудата сите негови пратеници да гласаат за влада на чело со Заев и сите тие да подржат се што сака СДСМ ,само да не ја спроведувал Платформата на Албанците, Груевски реално ја прифати целата политичка програма на СДСМ во која е напишано и дека Македонија ќе се гради како едно општество и како земја на рамноправни граѓани.
Тоа нема врска ниту со загрозување на унитарноста, ниту со федерализација ниту со кантонизација. И Груевски тоа го знае ама не му одговара.
Очаен од фактот дека ја губи власта само заради неговите погрешни политики тој се нуди себе си “на отстрел” само да ја спасел Македонија од “разнебитување”.

Сега СДСМ по овој очаен националистички повик на Груевски за некакво “семакеднско обединување” во Собранието против сите Албанци, треба отворено до му понуди на ВМРО ДПМНЕ да ја напушти националистичката политика на Груевски и да се пруклучи во реализацијата на
владината платформа која ќе ја договори СДСМ со ДУИ, со БЕСА и Алијансата на Албанците, под услов во таа влада да влезат само лица од ДПМНЕ против кои не се водат постапки од страна на СЈО, и кои се согласуваат да биде подржан мандатот на СЈО кое нема врска со Платформата на Албанците.
Тоа би била влада на широка коалиција на чело со Заев, со мандат да ги спроведе клучните реформи од извештајот на Прибе и на ЕУ а која ќе обезбеди и меѓуетнички мир и правна разрешница за кризата во која не воведе криминализираната тајфа на Груевски.
Ако таквата понуда не ја прифати Груевски многу е веројатно дека ќе ја прифати некое друго реформирано раководство на ВМРО ДПМНЕ кое ќе сфати дека Груевски само си замислува дека се вградил во темелите на Македонија и дека само затоа вика “Не удирајте по темелите на државата”.
Заев е сега во позиција како обединувач на нацијата, да понуди Владина платформа за европска Македонија и да ги покани да учествуваат во нејзиното спроведување сите кои не ги злоупотрЕбувале функциите и направиле криминал.
На понудата од Груевски треба да се одговори со понуда и да се разобличи неговиот квазипатриотизам кој е само маска зад која што сака да го сокрие својот криминал и криминалот на бројните соработници.
Кризата има многу лица вели еден афоризам. Но сите тие може да ги видите на телевизиите кои ги прикажуваат протестите за наводен спас на Македонија од мнозонството кое гласаше за политички промени.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e