Груевски најави оставка ако ВМРО -ДПМНЕ ги изгуби изборите

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Алсат М на прашањето дали е подготвен да си поднесе оставка од челната позиција во партијата доколу партијата ги изгуби изборите, кусо одговори:

“Претседателот на партијата ја носи најголемата одоворност”, одговор што индиректно кажува дека резултатот од изборите ќе влијае на неговата политичка кариера, која и така не е многу стабилна со оглед на моменталниот рејтинг и уште поголемиот притисок кој би го имал од страна на реформаторите во партијата, особено по забрзувањето на судските случаи против него од страна на СЈО.

Груевски после девет години беше гостин  на телевизија Алсат-М. Тој од новинарот доби критика дека не доаѓал на дебата во одредени медиуми и долги години ги игнорирал.

– Не сте биле девет години во Алсат телевизија, каде ќе ви се посветеа деликатни прашања. Нели игнорирањето на граѓаните значи нивно потценување – го праша Назим Рашиди лидерот на ДПМНЕ.

Груевски врати дека секогаш одговарал на сите новинарски прашања, но си призна дека не се појавувал во одредени медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e