Груевски на тенок мраз

Ѓорге Иванов, кршејќи го Уставот мандатот за состав на нова Влада му го даде на Никола Груевски, иако тој засега има само 51 сигурен пратеник и не кажа дали обезбедил парламентарно мнозинство.

Течат 20 те денови во кои Груевски треба да состави нов владин кабинет.

Единствен кој досега не му откажа љубов е неговиот стар коалициски партнер Али Ахмети.

Албански партии, кои освен ДУИ освоија пратенички мандати се изјаснија дека со Груевски нема да коалицираат.

Од ДУИ засега со недефиниран став или со изјава која ги отвора опциите дека повторно ќе одат со Груевски, но и дека овојпат, ќе му откажат љубов.

Преговори официјално се уште нема. Двете партии, кои се заедно од предвремените избори во 2008 година, заедно би имале 61 пратеник, што е доволно за изгласување Влада, која поради тесното мнозинство секојдневно би била на тест.

Ахмети за ТВ 21 потврдил дека ќе преговора за формирање на нова влада со победничката, односно партијата која има освоено најмногу мандати на изборите. Груевски пак предупреди дека доколку ДУИ не го почитува принципот на преговарање со победникот, тогаш ниту неговата партија нема да го почитува овој принцип на наредните избори.

Нејасно е како Груевски ќе може да преговара за исполнување на условите од платформата на партиите на Албанците, кога во изборната кампања токму тоа му беше главна основа за напад на Заев.
Со Декларацијата, зад која застанаа сите партии на Албанците се бара целосна јазична еднаквост и употреба на албанскиот јазик во сите нивоа на власта, дебата за знамето, химната и државниот грб со цел тие да ја рефлектираат општествената мултиетничност, создавање Државна комисија за финансирање на општините и Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците за поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја, правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата во сите нивоа на централната власт, јавните служби или претпријатија со јавни акции.

Неизвесна е и каде би се нашле Груевски и Ахмети по прашањето на СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e