Груевски до Мета: Притворот на Темелко е политички притисок, тој е борец за човекови права

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и претседателот на Албанија, Илир Мета, на денешната средба разговарале за македонско-албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија, информираат од партијата.

Груевски посочил дека во поглед на остварувањето на приоритетот за влез во НАТО, значајна е поддршката на сите земји членки на Алијансата, вклучително и поддршката на Република Албанија.

„Воедно, Груевски го отвори и случајот со притворот на Едмонд Темелко, кој е единствениот Македонец по потекло, градоначалник во Република Албанија. Тој истакна дека одлуката за притвор е резултат на политички притисок и не е заснована на правни принципи. Груевски изрази загриженост за неговата здравствена состојба, која е влошена и која е доказ за нечовечко однесување и постапување спрема човекот кој е борец за човекови права и градоначалник во општина во Албанија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски посочил дека од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување и придонес за зајакнување и за исполнување на приоритетите. Според него, занимавањето и нагласувањето на етноцентристички теми и идеи не придонесуваат за развој на добра атмосфера и на меѓусебна доверба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e