Груби: ДУИ не се залага за кантонизација и поделба, платформата не задира во унитарноста

ДУИ не се залага за кантонизација, за бинационалност или поделба на државата. Поличтичката декларација е направена во Скопје и таа е за европска Македонија за сите граѓани. Сите точки од декларацијата се од програмите на партиите на Албанците и таа на ниеден начин не задира во унитарноста на државата, рече пратеникот Артан Груби.

Тој кажа дека изјавите на, според него, така-наречениот претседател Ѓорге Иванов се невистинити и дека законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот.

– Дебатата за државните симболи ја отворија македонските партии. Во Собранието во 2014-та година зборувавме за промена на грбот, рече Груби.

Тој нагласи дека ќе се осудуваат и злосторствата врз Македонците, а со платформата ќе се зголеми буџетот на сите општини.

Според Груби, новата Влада ќе ја врати Македонија на патот кон Европската унија и НАТО, а ќе се вратат и доброоседските односи со државите.

Извор: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e