Грантови за земјоделци за воведување на агроеколошки мерки преку Програмата за развој на ООН

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска денеска заедно со постојаниот претставник на Организацијата на Обединети Нации (UNDP) во Македонија, г-ѓа Луиза Винтон, и со градоначалниците на Општина Ново Село и Босилово, Боро Стојчев и Зоран Зимбаков, го промовираа вториот циклус на обуки за земјоделци за воведување на агроеколошки мерки во сливот на реката Струмица.

28165160_2105145473040314_6990642399324909738_oПроектот за управување со сливот на река Струмица ги опфаќа териториите на општините Радовиш, Конче, Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, и е од витално значење за овие региони.

Целта на проектот да се воведат сет на сеопфатни мерки за обновување на функциите на сливот на река Струмица и да се зголеми неговата отпорност кон притисоците кои произлегуваат од економските активности и глобалните промени. Проектот е заснован на принципите на Директивите на ЕУ за води и поплави.

Со проектот е предвидена поддршка за  воведувањето на современи агро-еколошки мерки кај главните градинарски и овошни културиво регионот, односно грантови за земјоделците до 300.000 денари, кои ќе ги обезбеди UNDP.

Поддршката за земјоделците е преку набавка на современа земјоделска опрема, како што се системи за микронаводнување, уреди за следење на влажност во почвата, системи за фертиригација, опрема за следење на појавата на болести и штетници.

27982618_2105145273040334_3044683923244212527_o

Министерот Николовски посочи дека ваквите проекти и во иднина ќе се поддржуваат со цел навремена едукација на земјоделците.

„ Едукацијата на земјоделците во делот на примената на агроеколошките мерки, е нешто на кое што како ресорно министерство во иднина ќе посветиме сериозно внимание, се со цел да можеме ефикасно да се справиме со ризиците од поплави  и суши, кои го прават ранлив еко-системот, пред се поради негативните влијанија од климатските промени. За таа цел, дел од политиките во Националната Програмата за развој на земјоделството и руралниот развој за периодот 2018-2022 година која што Владата  веќе ја усвои, се во насока на одржливо управување со природните ресурси и намалување на влијанието на климатските промени во земјоделството. Тоа го постигнеме преку воведување токму на агро-еколошки мерки и спроведување на добра земјоделска и хигиенска пракса. Планираме спроведување на три  нови агро-еколошки мерки финансирани преку ИПАРД Програмата,  и тоа заштита на биодиверзитетот на автохтони раси, заштита на автохтони  сорти и органско производство, како и зајакната поддршка во шумарството и зголемено пошумување преку годишните програми“, изјави министерот Николовски.

28161717_2105145276373667_610649868953727914_o

Воедно, министерот Николовски и постојаниот претставник на UNDP, г-ѓа Винтон, разговараа и за нови идни проекти за едукација на земјоделците и развој на земјоделството, со поддршка од UNDP.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e