Граѓаните бараат оставки од Трајановски и Трајковски за катастрофата што им се случи

Социјадемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, заедно со граѓаните на Гази Баба бараат оставки од Коце Трајановски и Тони Трајковски за трагедијата со катастрофални последици што му се случи на Скопје. – рече Дарио Николовски, советник и координатор на советничката група на СДСМ во Гази Баба.

“Жртвите од 6 август се директна последица на:

Непреземање мерки за заштита пред поплавите и недостаток на инвестициии во инфраструктура;

Целосно погрешното дејствување за време на поплавата;

Тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата.

Потребна итна пренамена на милионите евра од Тркалото на лудоста и од другите луди проекти на Никола Груевски за да може да се справи со последиците и нормализирање на животот во погодените подрачја.

Бараме соодветна парична помош за настраданите за да може да се создадат минимални услови за живот. На семејствата им требаат пари итно. Им треба чиста вода, храна, облека, училишен прибор за децата, основни работи.

Бараме парите од Тркалото на лудоста веднаш да се пренаменат за итна помош на настраданите, во вредност од 90 илјади денари по домаќинство.” – додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e