Ѓорѓи Спасов: Ало, Ало. Го добивте штабот на ВМРО ДПМНЕ

“За удирање на неколку шамари на градоначлник од опозицијата притиснете еден.

За земање на 20-25 милиони корупција од „жутите„ притиснете два.
За да осудиме некого во монтиран политички процес притиснете три.
За нарачување убиство и сокривање на убиство, притиснете четири.
За ликвидирање на заштитен сведок,притиснете пет.
За да порачате лустрирање на некого притиснете шест.
За прислушување на опозицијата притиснете седум.
За контрола врз медиумите и за апсење на новинари притиснете осум.
За добивање тендери, вработувања и субвенции по партиски список, притиснете девет.
За летување во вилата на Ефремов на Халкидики со одбрано друштво од партијата притиснете нула.”

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда и амбасадор во Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e