Ген.секретар на НАТО, Столтенберг: Потписите се собрани, очекувам властите да го исполнат следниот чекор

„По еден обид да се формира влада, а во согласност со барањата утврдени од страна на претседателот, сега се собрани доволно потписи од пратениците. Очекувам властите во Скопје да го исполнат следниот чекор во демократскиот процес“, вели во пишаната изјава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по повод политичките случувања во државата.

Тој ги повикува сите страни на воздржаност во изјавите и во дејствата и да донесуваат одлуки во корист на граѓаните.

– На самитот во Варшава во јули 2016 година, НАТО ги повика сите политички лидери во поранешната југословенска Република Македонија целосно да ги имплементираат своите обврски според Договорот од Пржино, како рамка за одржливо решение на политичката криза. Изборите во декември од страна на меѓународните набљудувачи беа дефинирани како суштински чекор во решавање на кризата. Изборите беа оценети како добро организирани и без поголеми инциденти. НАТО останува посветен на членството на ПЈРМ во Алијансата, во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и сојузничките изјави дадени на следните самити на НАТО – вели Столтенберг.

Вчера и еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, изјави дека откако се собраа доволно потписи, очекува претседателот да го даде мандатот за формирање нова влада.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e