ФРОДЕМ: Ефтина претстава за уцена и притисок на институциите и девалвација на партијата

Нелегално избраниот претседател на ДПМНЕ, Христијан Груевски, во име на ВМРО ДПМНЕ повторно со зборовите и аршинот на неговиот претходник: ,,Политички прогон на неистомисленици, уметници, оперски пеачи, режисери, архитекти и останати. Немање на демократски амбиент“.

За да си ја исполни зацртаната и договорена задача повторно оваа персона, 24/7 ја активира фабриката за баналности, продуцирање афери и манипулации. Повторно со уцена кон највисокиот законодавен дом и притисок врз судството. Тој и групата пратеници зад неговиот тил, наместо јавно да се извинат за сите сторени срамотилаци и арамилаци тие и понатаму сеат магла и се обидуваат да условуваат, па дури и да уценуваат. Тие и понатаму живеат во времето на нивниот идол Груевски и понатаму сметаат дека дека народните пратеници треба да бидат недопирливи и да прават што сакаат. Тие никако да разберат дека пратеничкиот имунитет не смее да биде параван за неодговорност, беззаконие, јавашлук и неправда. Човеков и тие зад него никако да разберат дека споменатите во чие име се врши притисокот и уцената не се обвинети затоа што се уметници, режисери или оперски пеачи, туку затоа што сториле кривично дело казниво според кривичното законодавство.

Нелегално избраната персона наместо јавно да и се извини на целата нација и поединци за стотиците монирани кривични дела од страна на претходното државно и партиско раководство, за безмислосниот прогон кон партиските неистомисленици, за сето сторено зло и криминал од поранешните и од сегашните негови негови први соработници, тој продолжува и понатаму да одработува и да манипулира.

ФРОДЕМ јавно му порачува да престане со ефтината претстава за уцена и притисок на институциите и да престане да ја девалвира партијата.  Наместо да им се додворува на притворените и да глуми единство и сплотеност во пратеничката група, најдобро би било да каже кој е нарачателот, сценаристот и финансиерот на крвавото сценарио од 27 април минатата година.

Зa ФРОДЕМ дијалогот, процесот на помирување и иднината на Република Македонија не смее да биде условуван од никој, а најмалку од соученици и заштитиници на криминалните дејствија и злосторства во минатото и денес, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e