(ФОТО + ВИДЕО) Николовски: Започнуваме со изградба на системите за наводнување, за поголема конкурентност на македонското земјоделство

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски,  заедно со Г-ѓа Вирве Вимпари, од Делегацијата на Европската унија, заеднички го најавија официјалното започнување на проектот “Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување: избирање на локации и подготовка на целосно тендерско досие за изградба“.

Проектот е во вредност од околу 1,7 милиони евра а е финансиран од Инструментот за претпристапната помош – #ИПА, на Европската унија.

28166761_2107652506122944_8374934296857618929_n

Овој проект ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и ублажување на негативните ефекти од климатските промени.

27973129_2107652702789591_7647273188242519896_n

“Нашите идни политики имплементирани во Националната програма за земјоделство и рурален развој, се во насока на зголемување на потенцијалот за наводнување,преку рехабилитација и изградба на нови системи за наводнување, вклучувајќи и мали системи за наводнување”, вели министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e