(ФОТО) СДСМ Кр.Паланка ја стартуваше кампањата со посета на домашните фирми

Со посети на малите и средни претпријатија, СДСМ Кр.Паланка ја започна кампањата за предвремените парламентарни избори.

“Ќе го посетиме секој стопанственик, ќе влеземе во секој дуќан, ќе се запознаеме со нивните проблеми и ќе го претставиме нашиот план за поддршка на домашните фирми. Ќе ги намалиме казните и давачките. Обезбедуваме 140 милиони евра директна помош за домашните мали и средни фирми. По 108.000 денари за вработување на невработено лице до 50 години со услов да добива бруто просечна плата. По 162.000 денари за вработување лице од ранливите граѓаните ако добива бруто просечна плата. По 72.000 денари за вработување лице од администрацијата ако му исплаќа бруто просечна плата. Државата ќе обезбеди поволни кредити за отворање на микро бизниси. До 15 илјади евра кредит со само 1% годишна камата. Ќе ја намалиме фирмарината за претпријатијата со помалку од 5 вработени. Навремено исплаќање на обврските на државата кон домашните фирми. Бесплатен деловен простор и услуги за новоосновани фирми.” – се само дел од мерките кои значат поддршка на домашните фирми, велат од СДСМ Крива Паланка.

 

15139586_10207988595696214_822288841_n
15086871_10207988597856268_230478213_n 15209218_10207988595096199_921809856_n 15129981_10207988598336280_1515910793_n 15174603_10207988597656263_1968163094_n

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e