Флекенштајн: Ако има коалиција изградена со 67 лица, тогаш тие треба да добијат можност да формираат Влада

На денешната дебата, „Кризата на демократијата на Западните Балкани“, пратеникот од редовите на европските социјал-демократи во Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн, порача дека е разочаран од случувањата во македонската држава.

– Да, разочаран сум многу во однос на тоа како да се излезе од ова состојба. Одговорот е да пробаме со демократијата. По изборите, ако има коалиција изградена со 67 лица, тогаш тие треба да добијат можност да формираат Влада. А, ако тоа не функционира, тогаш ќе сугерирам да се гласа за другите следниот пат. Како што знаете, ВМРО не сака да се тргне. Затоа, јас мислам дека гласачите треба да знаат дека никој во ЕУ, дури ниту во европската партија на Груевски не ја поддржува таа политика. Гласачите треба да слушнат дека ова не е прашање за лево или десно, туку е прашање за демократија. Знам дека е сензитивно прашање за некои личности, но ние гледаме паралелно за тоа дали заедничко решение е можно. Но, на крајот е јасно, гласачите избраа и тие што се собраа треба да имаат шанса, порача Флекенштајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e