Фирма со негативен бонитет избрана да го гради клинички центар

Молк од министерството за здравство како конзорциум предводен од фирма со негативен бонитет, споротивно на тендерските услови е одбрана да го гради новиот Клинички центар, откако Телевизја 24 ги објави документите според кои понудата на конзорциумот Гранит, Бетон и италијанската Инсо системи е вреднувана како најповолна.

Од Министерството вчера со краток одговор.

„Тендерската комисија го достави извештајот до банката кредитор, истиот е одобрен и економските оператори имаат можност, ако сакаат, да достават жалба. Министерството за здравство не може да објавува други информации во овој момент, бидејќи тоа би било сериозно прекршување на процедурата“.

Се отвара прашањето по кои критериуми и зошто Комисјата за евалуација ја одбрала понудата на козорицумот со негативен бонитет, кога во тендерската документација децидно стои дека еден од условите е фирмата да покаже позитивна финасиска состојба.

„Подносителот на барањето исто така треба да покаже, на задоволство на Работодавачот, дека има соодветни извори на финансии, за да ги исполни условите за прилив на готовина на работите кои се во тек и за иднините договорни обврски . Билансот на состојба кој е извршен од лиценциран ревизор, или ако не е предвидено задолжително со закон во земјата од која е апликантот, други финансиски изјави прифатливи за работодавачот за последните 3 години (2013,2014 и 2015 година), и да покаже позитивна финасиска состојба на апликантот и да ја покаже долгорочна профитабилност“, стои во тендерската документација.

По овие тендерски одлуки се огласија од СДСМ. Повикаа тендерот да сопре, најавија ревизија.

„Ова спровеување на тендери во време кога има трансфер на власта, буди сомнение дека се работи за сомнителни и криминални активности, за кои ако се докаже дека се работи надвор од законот, ќе има и одговорност“, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција:

„Граѓаните паметат и лесно може да направат разлика помеѓу инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството и катастрофата која СДСМ ја предизвика. Во тек е спроведувањето на историски најголем инвестициски циклус во еден момент во здравствена инфраструктура, во вредност над 74.6 милиони евра (над 4.5 милијарди денари)“.

Изградбата на новиот клинички центар проект тежок 80 милиони евра е проследен со низа контроверзии од изборот на локација, па се до повисоки понуди од планираната сума. Дополнително според антикорупционерите е спорно што и проектот се бутка од страна на техничка Влада, во време кога се чека избор на нова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e