Фатени арамии што оперирале на територијата на Кисела Вода и Аеродром

Тројца арамии заработија кривична пријава и 30 дневен притвор откако биле фатени како се обидуваат да ограбат куќа.

Секторот за внатрешни работи Скопје, по превземени мерки и активности до надлежното ОЈО Скопје поднесе една кривична пријава и едно писмено известување против лицата С.М. (21), Б.А. (19) и С.Д. (20) сите од Скопје, поради основано сомнение дека истите извршиле 65 кривични дела и тоа 55 дела – “тешки кражби“ предвидени и казниви по член 236 од КЗ на РМ и 10 дела – “тешки кражби во обид“ предвидени и казниви по чл.236/19 од КЗ на РМ при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.877.700 денари.

За сторените кривични дела од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена. Имено, по претходна анонимна телефонска дојава дека на бул.“12-та Македонска бригада“ две непознати лица сомнително се движат помеѓу куќите, од страна на полициски службеници било излезено на лице место, при што биле затекнати лицата С.М. и Б.А. кои се лишени од слобода и приведени во ПС ОН „Аеродром“ за понатамошна постапка.

Во ПС ОН „Аеродром“ бил извршен разговор со истите, во кој тие појасниле дека кога биле затекнати во дворот од куќата имале намера да влезат во куќата и да извршат кражба, но дека биле спречени во намерата од страна на полициски службеници.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e