Еве зошто Зоран Џорлев е сменет од директор на ансамблот Танец

Зоран Џорлев, довчерашниот директор на националниот ансамбал Танец, беше разрешен од директорското место, по што имаше реакции од страна на пратениците на ВМРО – ДПМНЕ во собранието.

Џорлев на состанок со вработените, луто реагира на синдикалното организирање на дел од членовите на ансамблот, кои, од кои патем, бара да се потсетат кој ги вработил. На состанокот, кој траел трисетина минути, повеќе од половина е монолог, во кој Џорлев зборува за неговата одговорност пред „повисоките од власта“ со ангажирањето на овие вработени, со што го вложил и својот углед како уметник.

Зоран Џорлев шест години го водеше националниот ансамбл за народни игри и песни, се до пред некој ден, кога на негово место беше поставен Стојанче Павловски за в.д. директор. ВМРО ДПМНЕ реагираше на смената дека со тоа е направен „вистински масакр“.

Извор: Канал 77

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e