Екс обвинителот Наков: Условната казна за тепачите е скандалозна

Условната казна за дел од насилниците кои тепаа пратеници за дел од правните експерти е скандалозна. Поранешниот обвинител Александар Наков вели дека на обвинетите мора да им се суди за различни дела и да не се ставаат сите во ист кош и со исто обвинение.

„Незадоволително е и самото обвинение. Самата скратена постапка како и донесената пресуда за мене е крајно скандалозна. Сите учесници имав прилика да ги видам на веќе изложените снимки каде јасно се гледа нивното делување на поединечни и во дејства кои не значат учество во толпа, туку се потешки кривични дела.“ – изјави за Алсат-М Александар Наков – поранешен јавен обвинител.

Во обвинението на Јавното обвинителство, Наков препознава обид за релативизација на делото. Доколку денешната пресуда стане правосилна нема простор за преквалификација на делото, па осудените нема да може да одговаараат за посериозни кривични дела.

„ Меѓутоа остануваат нивните дејанија со кои имаат сторено потешки кривични дела, а за кои сè уште Јавното обвинителство не се произнесува или сака да ја замајува јавноста укажувајќи дека нема пријави од МВР или за тоа сè уште нема обезбедено докази.“ – додава Наков

Наков смета дека судот и Јавното обвинителство работат во корист на власта во заминување, минимизирајки го делото на насилниците кои пред камери тепаа пратеници. Различните аршини на обвинителите и судот испливаа на површина кога демонстрантите на случајот „Монструм“ добија затворски казни од по 2,5 години за кршење на прозорци на судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e