Џафери за СДК: На владата и лидерите на партиите им покажав каде им е местото во однос на собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери во ексклузивно интервју за САКАМДАКАЖАМ.МК зборува за главните предизвици во неговата работа во изминативе 3 месеци, по изборот на функцијата на 27 април.

Претседателе Џафери, пратеникот Илија Димовски в лице ви се закани: „Ниеден закон нема да донесеш!“. Како мислите со ваква закана да поминат законите од планот 3-6-9, од кој што се и зависи на Македонија?

Прво, јас не се возбудувам од такви однесувања на пратениците. Оставам на нивната етика и морал и не ме погодува такво однесување лично како човек. Како институција, оставам кога ќе одат дома, пратениците сами да се премислат и да размислат што правеле во текот на денот и што одобруваат, што не. Работата на Собранието со закани не оди. Затоа што, наспроти секоја закана има соодветна постапка и процедура во смисла што работата на Собранието е пропишана со Деловникот. Деловникот дава можност да збори човекот, да си ги каже ставот и мислењето по односните прашања. И ако тоа се претвори во нешто што би се сметало како машинерија за попречување, соодветно индиректно Деловникот дава можност тоа да се прекине. И не случајно во него е пропишано во членот 90 дека говорникот може да зборува само по однос на темата и точката што е на дневен ред и по односната содржина на предметот кој се дискутира. Ако не се придржува, а двапати се опоменува, тоа подразбира дека претседателот на Собранието може на таквиот говорник да му го одземе зборот. Но после 27 април, идејата ми беше со своето однесување да не придонесам и да не давам аргументи дека јас спроведувам диктатура. Имајќи го предвид моето минато како војник, како офицер, да не подразбира никој дека јас спроведувам воена процедура во водењето на демократската институција. И затоа, сакав во оригинална атмосфера граѓаните после 27 април да го видат однесувањето на своите избраници.

Целото интервју прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e