Директорот на АМС, Дарко Каевски се сретна со Здружението на информатичари

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари работна средба со претставници на здруженијата на информатичари, хемичари, физичари и биолози. Целта на средбата беше во насока на продлабочување на соработката во организирање на натпревари во Македонија, но и настап на континентални и олимписки натпревари на најдобрите во дадените области.

Досегашната пракса на поддршка и соработка на Агенцијата за млади и спорт со младите информатичари, како дел од проектот “Млад информатичар”, ќе биде пракса и со најдобрите млади физичари, математичари, хемичари и биолози.

Претставниците на здруженијата изразија благодарност до Агенцијата за интересот и поддршката која ја дава на младите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e