Десетина затруени лица во болница, јаделе во „Сендвичара 7“ во Карпош

Десетина лица се во болница откако, како што изјавиле се затруле со храна од познатата скопска сендвичарница „Сендвичара 7“ во Карпош, информира Министерството за здравство.

„До завршување на вонредниот надзор бројката на лица со стомачни тегоби, проливи, гадење, повраќање и висока температура 39-40 степени изнесува: 9 лица згрижени на ЈЗУ УК за инфективни болести и фебрилни состојби, од кои 5 хоспитализирани и 4 амбулантски лекувани, а на инфективното одделение во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” во моментот во дневна болница беа згрижени уште тројца пациенти“, стои во соопштението.

Иако во објектот се врши завршна подготовка на храна, која се доставува од централната кујна на синџирот сендвичарници, извршена е вонредна контрола и во локалот и и земени се брисеви од вработените и работните средини, како и мостри храна.

Наложена е вонредна дезинфекција, а објектот е времено затворен.

Извор: Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e