Денеска се исплатени над 5,7 милиони евра субвенции за земјоделците

Со промените кои настанаа во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и назначувањето на новиот в.д. директор м-р Николче Бабовски, Агенцијата со исклучителна заложба продолжува да ги извршува надлежностите утврдени со закон.

Денес се исплатија 354.700.000 денари или над 5,7 милиони евра финансиска поддршка за следните намени: за одржување на земјоделски површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, произведен сертифициран семенски и саден материјал, заклани гоеници, бројлери и амортизирани несилки во кланица, продадени градинарски култури во преработувачки капацитети како и за рурална инфраструктура.

Вкупно за само два месеци се исплатени околу 55,7 милиони евра субвенции за земјоделците.

Имајќи ја в предвид заложбата на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството и обезбедување на континуирана поддршка на доходот на земјоделските стопанства, исплатата на субвенциите ќе продолжи следниот период за сите земјоделци кои поднеле барање и ги исполниле пропишаните услови.

Исто така по одржаната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со претставниците на винарските визби, ќе се направат напори во најкус рок да се намират финансиските обврски кон визбите со цел непречено одвивање на откупот од овогодинешниот род на грозје, соопштуваат од ресорното министерство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e