Деем Шеху: Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков се организатори на масакрот во кумановска Дива Населба на 9 мај 2015 година

Дем Шеху, третообвинет за случајот „Дива Населба“ пред судот тврдеше дека поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска и поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков се организатори на масакрот во кумановска Дива Населба на 9 мај 2015 година.

На рочиште од судкиот процес, што се одржа вчера, и тој како и претходните обвинети пред судот се бранеше, велејќи дека целта на групата не била да предизвикуваат конфликт. Тој рече дека биле дојдени во Македонија поради незадоволството на Албанците  и поради неспроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Шеху во својот исказ рече дека неколку припадници на групата имале врски со политичари во Македонија, но и со агенти на тајната служба со кои се среќавале 2-3 дена пред кумановските настани. Како што рече, на 3 мај тргнале кон Куманово со едно комбе, во непознато место за него. За неколку часа  разбрал дека се наоѓа во куќата на Фадил Фејзулаху, рече Шеху.

Судскиот процес за случајот „Диво насеље“ треба да продолжи на 3 март со сослушување на следниот обвинет Кенан Исени.

Извор: Ако

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e