Дали Богов ги знае сопствениците на фирмите основани во Белизе?

Правдајќи се за тендерот за изградба на новата неколку милионска барокна зграда на НБРМ, гувернерот Богов во своето интервју за Алсат-М телевизија изјави дека сопственикот на АД Бетон Скопје наводно бил потпретседател во последната влада на СДСМ.

Богов очигледно сакал нешто да сокрие па не може да се договори со самиот себе си што е вистина.

При избувнувањето на познатата афера „Панама Пејпрс“, токму Богов рече дека нему како Гувернер му се недостапни информациите за личните податоци и банкарските сметки на фирмите основани во даночните раеви.

Како ако не му се достапни информациите за сопственоста на фирмите основани во оф-шор зоните Богов знае кој бил сопственик на градежната компанија Бетон Скопје, прашуваат од СДСМ.

Според јавно достапните информации, најголеми три акционери кои поседуваат заедно повеќе од 60% од сопственоста на АД Бетон- Скопје се: WOLLES TRADING CORP, REPRO ONE LIMITED и ARROWCREST LIMITED.

Првите две компании се регистрирани во земји што важат за даночни раеви и во кои сопственоста на компаниите е тајна.

Првата е регистрирана во Панама, а втората на Британските Девствени острови.

Доколку Богов го знае сопственикот на странските компании кои заедно го поседуваат мнозинскиот пакет на акции во АД Бетон Скопје, односно ако меѓу овие три компании има било каква капитална поврзаност, тогаш зошто до Комисијата за хартии од вредност не поднел пријава или известување дека во случајот на АД Бетон –Скопје постои прекршување на Законот за превземање на акционерски друштва?

Дали Гувернерот Богов освен на овие оф шор фирми го знае и сопственикот на фирмата „Ексико“? Особено што оваа фирма беше дел и од аферата со милионските плацеви на Никола Груевски на Водно.

Дали Богов ги знае сопствениците и на останатите фирми основани на Белизе, коишто во последните години купија имоти и компании вредни стотици милиони евра во Македонија?

Гувернерот Богов се уште не одговори ниту на клучното прашање:

Која е причината за промената на неговиот став дека тој како Гувернер на НБРМ немал никакви ингеренции при издавањето на еврообврзницата?

По вака искажаниот став Богов лично го потврди неговото присуство на телефонската врска со странските кредитори кога е договарано издавањето на незаконската еврообврзница од 450 милиони евра, во друштво со Пешевски, Миноски и Бришковска.

На сите инволвирани во незаконското издавање на оваа еврообврзница треба да им биде јасно дека ќе одговараат, информираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e