Чиста или заедничка Македонија?

Со скандирање „Гасни комори за Шиптари“ и „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“, „Чиста Македонија“ започна протестот на „Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија“ (ГИЗМ), чии поддржувачи од пред Владата, се упатија кон Собранието на Република Македонија.

Неформалните претставници на ГИЗМ пред медиумите изјавија дека се тука, за да не му дозволат на Зоран Заев да влезе во владата, затоа што со поткуп и со пари на Сорос, на изборите плаќал гласови. Според нив, влада треба да формира оној кој победи на изборите, односно Никола Груевски. „Па, нема да успее, кој сакаше да се договара влада со Шиптарите?“ изјави една видно возбудена граѓанка, на прашањето: Зошто Груевски не успеа да формира влада.

„Оваа влада е наша, нема да му ја дадеме на Заев!“, „80.000 гласачи не смеат да одлучуваат за судбината на Македонија!“, „Нема да дозволиме еден аболициран криминалец да ја води државичката!“, „Не смееме да дозволиме да ја изгубиме оваа држава, ова може да биде Калифорнија!“, „Зошто Заев не научи три збора албански јазик, кажете ми ве молам, а сака да тргува со нив?“, „Ова не е Турција!“, се дел од гласните коментари на присутните.

 Тие велат дека промената на името, воведувањето валута со албанска „апликација“ и двојазичноста, се причини поради кои на Заев не смее да му се дозволи да влезе во владата.

„Вие треба да се борите, новинарите и медиумите, а не народот„… „Вие сте најголемите виновници, да знаете!“… „Телма телевизија е крива, Телма е нивна, на Заев е!“, се само дел од извиците кои се слушнаа од толпата. Кога им беше посочено дека во групата има новинарка-Албанка која им се обраќа на македонски јазик, рекоа дека тоа не е важно!

Ова е втор протест на опозицијата од моментот кога стана јасно дека Заев ќе ја предводи владата на Република Македонија.

ЦИВИЛ Медиа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e