Чавков, Дурловски, Јовановски и другите остануваат во притвор

Апелациониот суд донесе 11 одлуки со коишто ги одби жалбите за притворите на осомничените за нередите во Собранието што се случија на 27 април.

Тоа значи дека поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, организаторите на протестите „За Заедничка Македонија“ Владо Јивановски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски, вработениот во Агенцијата за разузнавање, Мунир Пепиќ и другите осомничени Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов и Илија Славевски, остануваат во притвор.

„Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година“, соопштија од Апелациониот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e