Централното претседателство на ДУИ денеска ќе донесе одлука

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав се собра во седиштето на ДУИ во Мала Речица и расправаат по конкретни предлози за можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за состав на влада.

Средбата започна околу 14 часот и пред нејзиниот почеток никој не даде изјава за текот на разговорите. Но, високи партиски извори на ДИУ брифираа дека „денеска без разлика на што и да е, ќе се донесе каква било одлука.“

Синоќа по завршувањето на средбата на членовите на ДУИ во седиштето во Мала Речица, лидерот Али Ахмети изјави дека нема одговор со кого ќе бидат во коалиција и ги анализираат сите опции за да ја донесат најдобрата одлука во корист на сите граѓани на Македонија.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи претходно изјави дека важно е одлуката да биде правилна, а не навремена.

На полноќ истекува рокот за мандатарот Никола Груевски да состави влада и до тогаш треба да го добие одговорот од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети дали партијата ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e