Цаневска: Нема да го потпишам писмото на т.н. 200 интелектуалци

Нема да го потишам Отвореното писмо на т.н. група од 200 интелектиуалци,

Овие таканаречени 200 интелетуалци за изминатите 20 години 2 пати не ги чувме со конкретен став и понудено решение како да се надмине проблемот. Најлесно е распирување омраза и поделба на наши и ваши, патриоти и предавници. Многу е лесно да се сака Македонија оддалеку, многу е лесно да се брани наводно името а децата да ти студираат или работат во некои далечни богати земји.

Почитувани господа, тоа е лицемерие и ситен популизам.
Инаку за прашањето на Мисирков: Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред? Еве ќе ви кажам, ниту сте направиле нешто, ниту сакате, ниту ожете нешто да направите. Со деструктивизам и самопромовирање Вие не работите за доброто на сите.

Вашето закана дека инсистирањето на ургентно „решавање на спор“ во кој ни Соломон не би се впуштил, директно предизвикува несигурност, страв и можен внатрешен конфликт, говори за Вашата единствена цел- разгорување на страв и неединство. Е веќе ова не минува.

Катерина Цаневска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e