Божидар Спасиќ: Убиството на Бојку е класична мафијашка пресметка

Божидар Спасиќ, поранешен припадник на југословенската служба за Државна безбедност, коментирајќи го убиството на Дилавер Бојку Леку за српски Ало тврди дека проститутките го чинеле живот и тој станал закана и пречка за помладите мафијаши.

– Бојку ја рашири работата и „бизнисот“ најмногу во Виена и Салцб ург. Меѓутоа, британската безбедносна служба дојде до податоци дека тој започнал да работи и во Англија. На тој начин, би можел да и` посмета на бугарската мафија, која го држи овој бизнис таму. На српската мафија не и` беше пречка, туку и` беше од корист. Тој ги контролираше двата главни илегални правци за транспорт на девојките, од кои едниот беше преку Србија, па му беа потребни услугите на српската мафија за изработка на лажни пасоши и слично, што им носеше многу пари.  Според мене убиството на Бојку е класична мафијашка пресметка и судир поради територии. Најверојатно ја поминал границата која ја држат други структури и тука нема простување- објаснува Спасиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e