Бонева во понеделник на распит кај Катица Јанева

Актуелниот член на Државната изборна комисија (ДИК) и долгогодишна пратеничка на Вмро – Дпмне, Силвана Бонева во понеделник е повикана во СЈО.

Од бомбите кои ги објави Заев, Бонева ја слушавме во еден разговор со Никола Груевски каде таа му открива на тогашниот премиер дека пратеникот Славе Гошев нема фирма која не ја има изрекетирано во Струмица.

Засега нема точна информација дали Бонева е повикана во врска со овој или некој друг необјавен разговор.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева минатата недела најави зголемена фреквенција на лица во СЈО, кои ќе бидат викани на распит.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e