Богоев до пратениците на ДПМНЕ: Седницата ви се диктира преку СМС пораки

Пратеникот од редовите на СДСМ и коалицијата во своето обраќање ги обвини колегите од ВМРО – ДПМНЕ дека теркот за тоа како да се однесуваат на седницата им се праќа преку СМС пораки.

То забележа и дека беспремедметно пратениците од ВМРО – ДПМНЕ си реплицираат еден на друг и дека само се губело време

-Уште да дојде пратеникот Емил Димитриев да му реплицира на премиерот Емил Димитрев, рече Богоев од собраниската говорница.

Богоев забележа и на дискусиите на нивниот како што вели главен ПР стратег, Илија Димовски, се празни муабети и посебно се осврна на реториката околу платформата на албанците.

– Во период од 9. до 29. јануари, кога мандатот е кај Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ не споменуваше тиранска платформа, туку велеше „таа“ платформа. Веќе на 30. јануари почнаа да велат платформата од Тирана, за потоа да стигнат до се-албанска платформа, рече Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e