Богдановиќ со реакција за прилогот на ТВ Нова

До кое дереџе треба да бидеш расипан за да и на хумана акција и апел пробуваш да најдеш мана. На ТВ НОВА сопственост на Сеад Кочан (инаку човек познат од „бомбите“ или газда на Трансмет) фирмата која ги добива најголемите тендери од Град Скопје и од државата , се емитува прилог како вратите на ЈП ПОЦ биле затворени а воедно сме објавиле дека имаме обезбедено преноќувалиште за бездомниците. Ако го погледнете прилогот ќе видите во 14 та секунда дека е сниман после 23 часот, а катната гаража работи до 22часот. Што се однесува до затворените врати и во самиот повик јасно напоменавме дека прифатувањето на наши сограѓани кои имаат потреба од преноќување ќе биде од 16 до 20 часот. Вратите се затвораат заради безбедносни причини а доколку има потреба за било каква активност оствени се броеви на кои сме достапни за било што. Во ЈП ПОЦ сега засега е згрижен само чичко Благоја и моментално пиеме заедно чај и разговараме за разни теми.
Ако сакате од било што добро да направите лошо навистина не е човечки ни хумано. Ама нека Ви служи на чест. Ако сакате да помогнете, повелете донесете некое ќебе, храна или топол напиток а можете да се пријавите и заедно да ја поминеме ноќта тука во ЈП ПОЦ заедно со чичко Благоја. – реагира директорот на  ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e