Бочварски: Груевски во 2008г го договори Законот за јазиците а во 2016г ја прифати платформата на Албанците

Еве да им одговорам на сите оние луѓе угнетени и заплашени, кои се маша во туѓи раце за спасување на нечија кожа. Оваа борба е за ослободување на сите вас од стегите.
Кога зборувате за двојазичност прашајте го вашиот лидер кој во 2008 година во Собранието на РМ го договори и го усвои “Законот за употреба на јазик што го зборуваат 20 % од граѓаните во РМ и во единиците на локална самоуправа” (Сл. весник бр. 101 од 13 август 2008 год.) потоа во 2011 година, повторно после изборите го надгради и го дополни истиот закон.
Груевски во 2016 година ја прифати платформата на Албанците и чекаше до последен момент потписи за Влада. Во ниту еден момент не ја одби платформата и не се откажа од мандатот. Сега кога СДСМ треба да формира Влада тој е во паника.

16996136_1272679172813565_1768172615816919252_n
Ние кажавме дека нема федерализација, нема кантонизација, нема промена на Уставот на РМ. И стоиме зад тоа.
Но, стоиме и зад тоа дека криминалците ќе одговараат пред институциите на системот и парите ќе ги вратат назад.
Граѓанска и единствена Македонија чекори кон подобра иднина за сите, и ниту една лага на Груевски тоа нема да го спречи. Мнозинството граѓани, над 612 000, храбро и сплотено избраа промени, избраа живот и подобра иднина. Македонија наскоро ќе добие влада на граѓаните. Промените се случуваат, а Македонија оди напред.

Благој Бочварски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e