Бесплатен сoвет за Груевски

Еве еден добронамерен и бесплатен совет за Груевски неговата верна дружина:

Секое решение за предавање на власта што ќе го донесеш денеска е подобро од тоа што ќе го донесеш утре или од тоа што не би го донел никогаш. И за Македонија, но, еве, да ја оставиме Македонија- за тебе и за твојата чета!

Во каков било развој на настаните, вклучително и во развојот во кој ќе ти се чини дека работите се одвиваат добро за чипираните идиоти на вмро дпмне. Викни десет дваесет, сто, колку треба-толку, политички, геополитички, воени и правни стручњаци, горе крај базенот, дај им креда и табла и тие ќе ти ја нацртаат шемата во која отидоа по ѓаволите и Мубарак и Морси и Али и Хусеин и Гадафи и Милошевиќ и многу други.

Во драматичните судбини на тие луѓе има една закономерност: режимите се раѓаат, растат и умираат заедно со своите лидери!

Не сум сигурен дека си во состојба да носиш рационални решенија. И во таа смисла моето обраќање може да се смета и како обична будалаштина, но, сепак, ќе ти кажам: единствената шанса да имаш во преостанатиот дел од животот нешто на што ќе можеш духовно и психолошки да се крепиш, дури и во некоја скопска или меѓународна зандана, е денеска, не утре, да речеш: од мене толку беше, извинете ако грешев, му посакувам многу успех на господинот Заев и на неговите партнери од албанскиот блок! Каква дефакторизација, каква граѓанска војна!

Бранко Тричковски
фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e