БЕГ: Нормализирана испораката на топлинска енергија, потрошувачите да ги заштитат внатрешните инсталации

Испораката на топлинска енергија преку централниот вреловоден систем се одвива нормално, без сериозни дефекти и потрошувачите се снабдуваат со топлинска енергија согласно потребните дневни дијаграми на испорака, информираат од Балкан енерџи.

Во изминатиот период на екстремно ниски температури после кој следеше период на затоплување, забележани се случаи на дефекти на внатрешната инсталација пред се кај некои деловни потрошувачи и индивидуални куќи.

„Причините за тоа се несоодветно третирање на внатрешната инсталација од која во периодот на екстремно ниски темератури била подложна на мрзнење, бидејќи дел од инсталацијата во одредени простории била исклучена од централниот систем на греење од страна на потрошувачите и истовремено просториите каде е сместена инсталацијата и радијаторите биле изложени на негативни температури. Екипите на Дистрибиција со топлина Балкан енерџи интервенираа и времено ги исклучија од мрежа овие потрошувачи кои интервенираат на остранување на дефектите“, се вели во соопштението.

Од БЕГ апелираат да не се исклучуваат делови од грејната инсталација и радијатори во простории кои се изложени на негативни температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e