Анѓушев: Вработените во „Веибо груп“ ќе ги земат заостанатите плати

Сопственикот на „Веибо груп“ има две опции, да донесе нов капитал и да се раздолжи кон сите доверители и да продолжи да работи или, пак, да оди во стечај, порачува вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.

– На еден или на друг начин вработените во Крива Паланка ќе ги земат своите заостанати плати. Среќна околност е што во стечајната постапка би имало повеќе капитал за надмирување отколку што има обврски кон сите доверители вклучително и вработените на кои им должи три плати, рече Анѓушев во одговор на прашање по потпишувањето договор за државна помош со германската компанија „ВИК“ во Владата.

Тој посочи дека денеска во Владата имал двочасовен состанок со сопственикот на „Веибо груп“ на кој тој му се пожалил дека од претходната власт му било ветено дека во Македонија може да најдат 2.000 вработени кои ќе работат за плата од 150 евра месечно. Тие со тогашната влада потпишале договор и откупиле земјиште со површина од 400 илјади метри квадратни со намера да прават нивна ТИРЗ во Ранковце, наменета само за текстил. Кога виделе дека не можат да најдат вработени за таа плата не ја развивале зоната и купиле капацитет во Крива Паланка и направиле производство како и секоја друга компанија во Македонија.

– Сопственикот не успеал да обезбеди доволна работа и нема доволна ликвидност на компанијата и во моментов ја изгуби деловната активност. Неговата сметка е блокирана и на вработените им должи три плати, во висина од околу 300 илјади евра, и заостанати побарувања од други доверители, пред се од градежни компании кои граделе во неговиот капацитет и од една од македонските банки во вкупна вредност од 700 илјади евра. Има две можности за решение на проблемот да донесе капитал и да се раздолжи кон сите доверители и да продолжи да работи или да оди под стечај доколку поминат 45 дена од неговата блокада, појасни Анѓушев.

Одговорот на вице-премиерот Анѓушев во врска со проблемот со Веибо е од 19:30 минута од видеото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e